Центарот за развој на Источен плански регион, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19) и Одлуката за давање на согласност на одлуката за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад, донесена од Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион, бр.02-165/2 од 22.04.2020 година, а во согласност со член 72 став 3 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 31/20) објавува јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движната ствар предмет на јавниот повик – остатоци од патничко моторно возило, учесник во сообраќајна несреќа и истите да ги транспортира и третира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во кругот на филтер станицата на ЈП Исар, населба Баби – Штип .
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои ги исполнуваат условите утврдени во Инструкциите за јавниот повик.
Подетални информации за предметот на јавниот повик може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот од лицето Емил Василев – Координатор за регионален развој, телефон 078/474-125, електронска пошта emil.vasilev@eаstregion.mk.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е Силвана Благонова – Координатор за нормативна дејност, јавни набавки, финансиски и општи работи, телефон 078/439545, електронска пошта silvana.blagonova@eastregion.mk.
Подетални информации за движните ствари, како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се преземе електронски, преку следниот линкови:
- Пријава за учество – преземи тука
- Инструкции по Јавен повик за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад – преземи тука.
- Извештај за проценка на вредност на возило Шкода Фабија ШТ-566-БО – преземи тука
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 08.05.2020 година до 14:00 часот.
Комисија за движни и недвижни ствари
Претседател
Емил Василев
No comment yet, add your voice below!