Skip to content

Започна поставувањето на „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР“

ДАТУМ

август 24, 2020

Категории

Во Кочани, Виница и Зрновци беа  поставени првите агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во Источен пласки регион.

Вкупната вредност на проектот изнесува 2.169.00,00 денари  без ДДВ преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Со поставувањето на агрометеоролошките станици ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ќе ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ќе се изработи и веб-платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.

Имплементацијата на овој проект ќе продолжи и во останатите општини во Источниот регион, а со тоа сите единаесет општини ќе добијат по една Агрометеоролошка станица за заштита на земјоделски култури и животна средина.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy