Skip to content

Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици

ДАТУМ

септември 24, 2020

Категории

 Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион,  организира обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици на ден 23.09.2020 година (среда) во х. Изгрев Штип.

Вакви Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР беа поставени во сите општини од регионот.

Со овие агрометеоролошките станици ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ќе ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Во тек е изработка на веб-платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.

Средствата на проектот се обезбедени преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. 

 

 

 

 

 

 

 
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy