Skip to content

ДАТУМ

ноември 11, 2020

Прва Форумска сесија

Поради наглото проширување на COVID-19 пандемијата и големиот број на новозаразени во Источниот плански регион, беше донесена одлука Првата форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник во пеиродот 04-09.11.2020 година.
Како прв чекор беше изготвена листа со потенцијални учесници кои можат да дадат придонес во одредувањето на приоритетите на регионот, а потоа беше изработена покана во која беше објаснет целокупниот форумски процес и неговите цели и резултати. На испитаниците им беше потенцирано дека треба да се врши избор на приоритетни области и подобласти од Програмата за развој на ИПР и да се идентификуваат проблемите во регионот за кои надворешен експерт ќе изготви соодветни концепт решенија, а Советот за развој на ИПР ќе даде оценка и насоки за нивно подобрување или евентуално елиминирање.
На 110 граѓани по електронска пошта им беше доставен прашалникот, при што се водеше грижа да бидат почитувани правилата за реализација на форумот, пред сè вкупниот број на учесници по општина, како и жените да се претставени со најмалку 40% во испитувањето и најмалку 20% од вклучените граѓани се млади.
Анализата на добиените одговори покажа дека вкупно 79 лица или 72% го одговорија, при што 41,80% од лицата кои го одговорија прашалникот беа жени, а 52,80% мажи.
Имајќи ги во предвид правилата за реализација на регионалните форуми, се направи избор на две области и по две подобласти од секој од нив, во кои граѓаните сметаат дека треба да биде фокусиран развојот на регионот во 2021 година:

  1. Современо и квалитетно образование, здравство и социјални дејности во регионот
    1. Подобра социјална инклузија на сите ранливи категории население
    2. Подобрување на условите во здравствените установи во регионот
  2. Економски развиен регион, пошироко препознаен како атрактивен за инвестирање
    1. Искористување на расположливите ресурси и конкурентски предности за привлекување на инвеститори во регионот
    2. Развој на претприемништвото и на малиот бизнис во регионот

Записник од Прва форумска сесија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy