Skip to content

ДАТУМ

декември 18, 2020

Категории

Утврдена Годишна листа на приоритетни предлог-проекти за реализација во 2021 година

На 10.12.2020 година (четврток) се одржа деветнаесеттата (XIX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе он-лајн преку виртуелната платформа Zoom.

Клучна точка на XVIII-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион беше презентација на резултатите од Втората форумска сесија и рангирањето на концепт-решенијата согласно приоритетите на граѓаните на Источниот плански регион, шести чекор од концептот за регионални форуми на заедницата, алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, управувана преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Ангажираниот надворешен експерт, Денис Жерновски, изврши презентација на изводливоста на секој од концепт-решенијата од административно – правен и финансиски аспект, односно направи анализа на корисност на трошоци, користејќи го методот „најдобра вредност за потрошените средства“ (best value for money).

На основа на оваа анализа, Советот за развој на Источен плански регион едногласно ја утврди Годишната листа на предлог проекти за развој на Источен плански регион во 2021 година:

  1. Градски пазар во Делчево – отворен и затворен дел – II фаза;
  2. Осветлување на дел од магистрален пат А3 кој поминува низ Македонска Каменица;
  3. Збогатување на содржините за рекреација во Источен регион – Смарт и авантуристички паркови во општините Штип Кочани;
  4. Подобрување на инфраструктурата за развој на туризмот – локален пат во Берово и доуредување на локалитет Лесново.

Целиот процес на идентификација на предлог-проектите за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој во 2021 година е подржан во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.


Записник од XIX-та Седница на Совет за развој на Источен плански регион

Годишна листа на предлог-проекти за развој на Источен плански регион во 2021 година

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy