Skip to content

ДАТУМ

март 21, 2021

Категории

Потпишан Меморандум за соработка за изработка на новиот Просторен план на РСМ

Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева и раководителите на осумте Центри за развој на планските региони, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој сите страни ја изразија подготвеноста за соработка во процесот на изработка на  Просторен план на Република Северна Македонија.

Потребата за изработка на нов просторен план произлегува од истекувањето на постојниот плански документ, но и заради промената во условите и современите потреби на нашето општество.  Просторниот план претставува национална стратегија за просторен развој и дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на Државата. Процесот на изработка на Просторниот план ќе биде инклузивен и ги вклучи вклучени сите релевантни институции во Државата, вклучително и невладиниот јавен сектор, а ќе биде усогласен и со регионалното просторно планирање преку консултации со соседните земји и усогласување на пограничните и прекуграничните активности. 

Целокупниот процес ќе биде поткрепен со нова законска регулатива од областа на просторното планирање за која исто така ќе бидат консултирани домашни и странски експерти.

– Новиот Просторен план на Државата ќе биде современ и визионерски и ќе овозможи долгорочен и одржлив социо-економски развој,  превенција и контрола на неговото штетно влијание врз животната средина и ќе воспостави баланс помеѓу расположивиот простор, економскиот и демографскиот развој, природните и културните ресурси. Исто така, со новата методологија се предвидуваат и механизми за справување со климатските промени како и усогласување на секторските политики и наоѓање на најсоодветни решенија – истакна во таа прилика министерот Нуредини.

Директорката на Агенцијата за планирање на просторот Андријана Андреева во поздравното обраќање укажа на важноста на просторниот план нарекувајќи го „устав во планирањето“ и подготвеноста да се ангажираат сите расположиви стручни ресурси, Исто така, укажа и на важната улога на планските региони и нивното учество во овој процес што произлегува не само од фактот што за секој плански регион ќе се изработи посебен просторен план како разработка на националниот, туку и поради нивната улога во напорите за постигнување на рамномерен регионален развој во дражавата.

Нарачател на Планот е Министерството за животна средина и просторно плaнирање, кое ја координира целата постапка за изработка и ги спроведува процедурите на донесување на Планот согласно Законската регулатива и Методологијата за изработка на Просторниот план, додека изработувач на Просторниот план е Агенцијата за планирање на просторот.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy