На 17-19 мај 2021 година во хотел Изгрев, се одржа активност 3 – Јакнење на капацитетите од областа на Управување со културни настани од проект „Културен мост низ вековите“.
Оваа активност опфаќа тридневна обука на тема „Управување со културни настани“. Со реализација на оваа активност ќе се даде фокус на значењето на културните настани за развој на културниот туризам. Воедно ќе се обучат засегнатите лица од двете страни на границата соодветно да креираат, планираат, реализираат и управуваат со културните настани во полза на развој на туризмот.
Настанот беше одржан виртуелно односно настанот за претставниците на општина Белица се одржа во општинската сала во Белица, а за претставниците на Р.С. Македонија настанот се одржа во хотел Изгрев во Штип. Тридневните обуки беа организирани согласно сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19.
Активноста беше презентирана од предавачи од Македонија и беа одржани интерактивни работи во групи. На настанот присуствуваа по 15 учесници од двете страни.
No comment yet, add your voice below!