Skip to content

ДАТУМ

мај 22, 2021

Категории

Одржана обука на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 20-21.05.2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ организираше дводневна обука на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“. Обуката беше во организација на партнерот во проектот општина Гоце Делчев од Р. Бугарија чиј што предавач г-ѓа Наташа Заранкова овозможи јакнење на капацитетите и развој на вештините на учесниците за можностите кои што произлегуваат од употребата на дигиталните технологии во развојот и унапредувањето на туризмот. Обуката беше организирани со интерактивна работа, согласно сите здравствени протоколи и мерки, на комбиниран начин на работа со физичко присуство и виртуелни комуникациски средства, на кои учество земаа вкупно дваесетина учесници од прекуграничниот регион. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy