Skip to content

ДАТУМ

јуни 14, 2021

Категории

Регионална канцеларија за социјално претприемништво во рамки на Центарот за развој на Источен плански регион

Во рамки на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“, Центарот за развој на Источен плански регион е  избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво.

Запознавањето и развојот на социјалното претприемништво кај нас е во почетна фаза на развој, но постоечките социјални претпријатија покажуваат дека има потенцијал за раст и развој на овој концепт и кај нас. Токму од тие причини во наредниот период е предвидено и донесување на посебна законска рамка за социјално претприемништво.

Што е социјално претприемништво?

Социјалното претриемништво е спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица.

Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Социјалните претпријатија делуваат во две насоки:

  1. Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници i
  2. Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.

Токму затоа за нас е голема чест што ние како Регионална канцеларија за социјално претприемништво ќе бидеме пионери кои ќе учествуваат во развојот на социјалните претпријатија во Источниот регион нудејќи квалитетна техничка поддршка, како и професионална поддршка за нивниот развој, со цел да се овозможи вработување на ранливи категории на лица.

Од сега па натаму во нашиот фокус ќе бидат социјалните претприемачи со цел да бидат благовремено информирани за сите можности за финансиска и техничка поддршка што ќе бидат достапни.

Локален центар за поддршка на социјалните претпријатија во Источен плански регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy