Skip to content

ДАТУМ

јули 5, 2021

Категории

Пет дена култура и традиција на општина Гоце Делчев

Со презентација на културната традиција на неврокопското фолклорно наследство, на 30.06.2021 година на летната сцена при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, и официјално се означи почетокот на „Пет дена култура и традиција на општина Гоце Делчев“ во рамките на Кочанско културно лето.

Во текот на петдневната презентација на културата и традицијата, жителите на Кочани имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство на општина Гоце Делчев благодарение на изложбата која што беше поставена на меѓукатот на реконструираниот Мултикултурен Центар во Кочани. Презентацијата во текот на сите пет дена беше организирана согласни сите здравствени протоколи за зачувување на здравјето на посетителите од Covid-19 со редуциран број на посетители и точно определен распоред на посета кој овозможи соодветно проветрување и дезинфекција на просторот.

Покрај презентацијата на фолклорните традиции, беа прикажани и непроценливи примероци од етнографската збирка на музејот при Гоце Делчев, видео презентација за културата и туризмот на општината, рачно изработени предмети и литературното творештво кои ги доближија жителите на двата прекугранични региони.

Петте дена на култура и традиција на општина Гоце Делчев во рамките на Кочанско културно лето беа поддржани од страна на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, кофинансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Брошура | Плакат

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy