Skip to content

ДАТУМ

јули 30, 2021

Категории

Одржан Саем за туризам во Белица

Во периодот од 27 – 29.07.2021 година во Белица, Бугарија се одржа активноста 10 „Саем на туризам“ во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ кој се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република С. Македонија, а е имплементиран од страна на Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ Белица, како водечки партнер и Центарот за развој на Источен плански регион како проектен партнер. Учесниците на обуката беа претставници од Белица (Бугарија), и вкупно 20 претставници на општините од Источен регион (Северна Македонија), како и поединци и претставници на другите институции кои работат во областа на туризмот.

На „Саемот за туризам“ беше претставено културното и природното наследство на Источно планскиот регион и на Белица преку реализираните видеа од проектот. На саемот беа поставени штандови на кои беа изложени производи (сувенири, рачни изработки, домашно подготвени прехранбени производи) од локални производители како и на претставници од Македонија.

Учесниците на „Саемот за туризам“ беа во можност да ги претстават своите изработки воедно и да научат нови работи, да разменат искуства со учесниците од двете страни. Сите учесници активно се вклучија во дискусијата за придобивки од „Саемот за туризам“ наведувајќи и давајќи примери за успешно развивање на културен туризам.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy