Земјоделието е една од основните економски гранки во Источниот плански регион. Поддршката на земјоделието и подобрување на инфраструктурата поврзана со пристапот до земјоделски, обработливи површини претставува приоритет во среднорочниот плански документ, Програмата за развој на Источен плански регион 2021-2026.
Центарот за развој на Источен плански регион од Штип и Друштво за производство и градежништво СД-ТРАНС ДООЕЛ Славе, извоз-увоз, с.Звегор Делчево, на 17.09. 2021 година, склучија Договор за изведба на пристапен пат до обработливите површини во атарот на с. Вирче во општина Делчево. Со изградбата на овој пристапен пат ќе се овозможи полесен пристап на земјоделците до обработливите површини кои се во непосредна близина.
Должината на патот е 1000 метри со широчина од 4,5 метри. Вредноста на Договорот изнесува 1.534.532,42 денари.
Изведувачот на работите е воведен во работа на 27.09.2021 година. Се очекува работите да завршат во рок од 3 месеци.
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка, се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година.
No comment yet, add your voice below!