Нови средства за подобрување на руралната инфраструктура и обезбедување на пристап до обработливи земјоделски површини

На 23 јули 2021 година, Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Зујица Ангелова заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Г-н Арјанит Хоџа потпишаа Договор со кој се доделува финансиска поддршка на Источниот плански регион со цел имплементација на проект за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачјата на интезивна земјоделска дејност. Центарот за развој на Источен плански регион со доделените средства во висина од 2.021.989,00 денари ќе овозможи рехабилитација на полски пат во село Вирче, Општина Делчево, во должина од 1050 метри и ширина од 4,5 метри. Со Рекoнструкцијата на полскиот пат се овозможува пристап до вкупно 983 хектари обработливо земјоделско земјиште на кое најзастапени се житните култури, градинарство, овоштарство, присутни се и ново засадени блокови со лешник, сина слива, јаболка и вишна. Во соработка со МЗШВ придонесуваме кон подигнување на квалитетот на живот на населението во руралните средини на Источниот плански регион.

Галерија

Завршна прес конференција по проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 01.07.2021 година во реконструираниот објект Мултикултурен Центар во Кочани ја одржа завршната прес конференција по проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“. На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Кочани, медиуми, претставници од други културни институции од државата, како и претставници на проектниот партнер Општина Гоце Делчев и други гости од Република Бугарија. На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности со проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници, како и инфраструктурните активности во двата прекугранични региони – реконструкцијата на Мултикултурниот Центар во Кочани и реконструкцијата на ТИЦ во Попови Ливади, Бугарија. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 560.000 евра.

Галерија

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

УНДП МК во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.

Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:

  • финансиско управување;
  • заштита на животната средина;
  • транспортот;
  • намалување на ризикот од катастрофи и
  • други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.

Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин.

Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци.

Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД.

Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следниот линк можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:

www.undp.org.mk
www.brr.gov.mk
www.mls.gov.mk
www.zels.org.mk и
www.eastregion.mk

Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот.

Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.

ПРИЛОГ ДОКУМЕНТАЦИЈА

Одржана завршна конференција во општина Гоце Делчев по проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

Центарот за развој на Источен плански регион на 09.07.2021 година присуствуваше на завршната конференција по проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ која се одржа во малата сала во Домот на културата во општина Гоце Делчев, Р. Бугарија. На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Гоце Делчев, медиуми, претставници од други културни институции, како и останати присутни граѓани. На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности со проектот, резултатите од спроведените обуки и работилници, како и инфраструктурните активности кои се реализираа во двата прекугранични региони. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 560.000 евра.

Галерија

Реализирана ученичка екскурзија на тема „Нашето културно наследство“

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 05-09.07.2021 година реализираше уште една активност во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“. Ученичката екскурзија се реализираше во општина Гоце Делчев во Република Бугарија, на која десетина ученици од средните училишта од регионот заедно со свои врсници од Бугарија споделуваа знаења и разменуваа културни традиции, фолклорно наследство, учеа како се изработуваат стари занаети и ги истражуваа туристичките потенцијали на општина Гоце Делчев. Ученичката екскурзија беше во организација на проектниот партнер Општина Гоце Делчев, со што се приведоа кон крај предвидените проектни активности. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија.

Галерија

Пет дена култура и традиција на општина Гоце Делчев

Со презентација на културната традиција на неврокопското фолклорно наследство, на 30.06.2021 година на летната сцена при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, и официјално се означи почетокот на „Пет дена култура и традиција на општина Гоце Делчев“ во рамките на Кочанско културно лето.

Во текот на петдневната презентација на културата и традицијата, жителите на Кочани имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство на општина Гоце Делчев благодарение на изложбата која што беше поставена на меѓукатот на реконструираниот Мултикултурен Центар во Кочани. Презентацијата во текот на сите пет дена беше организирана согласни сите здравствени протоколи за зачувување на здравјето на посетителите од Covid-19 со редуциран број на посетители и точно определен распоред на посета кој овозможи соодветно проветрување и дезинфекција на просторот.

Покрај презентацијата на фолклорните традиции, беа прикажани и непроценливи примероци од етнографската збирка на музејот при Гоце Делчев, видео презентација за културата и туризмот на општината, рачно изработени предмети и литературното творештво кои ги доближија жителите на двата прекугранични региони.

Петте дена на култура и традиција на општина Гоце Делчев во рамките на Кочанско културно лето беа поддржани од страна на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, кофинансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Брошура | Плакат

Галерија

Советот за развој на Источен плански регион на ден 29.06.2021 година, ја одржа својата Дваесет и трета Седница

На седницата се донесе Одлука за преотстапување на дограден и реконструиран објект ,,Дом за стари лица – Берово“. Се донесе и нов Деловник за работа на Советот за развој на Источен плански регион согласно новиот Закон за рамномерен регионален развој. Исто така се дискутираше и за обврската на Советите на општините за донесување на Одлука за изменување и дополнување [усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)] на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион и донесување на Пречистен текст на Одлуката за основање, која обврска произлезе од новиот Закон за рамномерен регионален развој.

Галерија

Отворен е првиот регионален музеј за ретки минерали во општина Пробиштип

Отворен е првиот музеј за ретки минерали во општина Пробиштип. Проектот е финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој и ко-финансиран од општина Пробиштип, со вкупна вредност од 9.196.040,00 денари. Музејот во форма на кристал е со површина од 108 м2, во него се изложени над 250 минерали, соберени во текот на повеќе децении од Осоговскиот масив и пошироко од регионот. Со реализацијата на проектот даваме придонес во презентација на автентичноста, уникатноста и вредноста на минералите, како природно наследство, непроценливо и значајно за регионот. Источниот плански регион од денес има збогатување на регионалната туристичка понуда, која нема да ги остави рамнодушни посетителите.

Галерија

Збогатување на туристичката понуда во Малешевијата

Успешно е реализиран проектот за уредување на Црнодолскиот водопад во туристичка населба “Рамна Река” во општина Пехчево. Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, со вкупна вредност од 6,5 милиони денари, се овозможи Црнодолскиот водопад да стане пристапен и достапен за посетителите. Со проектот се изврши пробивање и уредување на безбеден поплочен пристап до водопадот во должина од 870 метри, изведена е платформа за набљудување на неговите убавини, поставени се модуларни мостови, уредени се повеќе места за одмор и рекреација, летниковци, информативни табли и останти содржини. Со проектот даваме придонес во збогатување на туристичката понуда во регионот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на Малешевијата.

Галерија

Одржана обука на тема „Дискусионен форум“ при проект „Културен мост низ вековите“

При проектот “Културен мост низ вековите” на 16.06.2021 г., во Белица, Бугарија се одржа обука на тема: “Дискусионен форум”. Настанот се одржа во Информативниот центар во Белица на кој присуствуваа учесници од Македонија и Бугарија спроведен во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19. Настанот се заврши со театарска претстава во реконструираното Народното читалиште “Георги Тодоров 1885” во Белица. Во претставата играше познатиот Бугарски артист Христо Гарбов. На 17.06.2021, вториот ден од дискусиониот форум, домаќините успеаја да ги допрат гостите со духот на Белица. На вечерата беа пренесени традиционални јадења. Група играорци облечени во народна носија ги претставија традиционалните белички песни. Третиот ден се заврши со посета на Rila Fun Park и паркот на танцувачките мечки.

Галерија