Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“, на 04.09.2014 година во хотел Изгрев во Штип, одржа воведна работилница за создавњае на кластер за креативни индустрии во Источниот плански регион. На работилницата присуствуваа 36 лица од различни организации и сектори од Источниот плански регион.
Креативната индустрија во Република Македонија воопшто не е застапена, така да Центарот за развој на Источен плански регион со воспоставувањето на Кластерот како една активност од овој проектот ги прави првите чекори во оваа област.
Што е КРЕАТИВНА ИНДУСТРИЈА?
Поимот креативни индустрии опфаќа широк дијапазон на активности кои ги вклучуваат културните индустрии и сите културни или уметнички, научни, технички, технолошки продукции базирани на знаења и вештини. Креативните индустрии се вид на дејност во која спаѓаат продукција и пазарна размена на идеи од областа на културата, уметноста, науката, техниката, технологијата, најчесто олицетворени во конкретни материјални производи, информации и услуги. Она што всушност го продаваат креативните индустрии е повеќе самата идеја, отколку формата преку која истата се пласира.
Кои се целите на работилницата:
- Да се подигне свесноста за кластерите како инструмент за зголемување на конкурентноста на креативните индустрии и да се запознаат МСП со придобивките од кластерските иницијативи
- Да се зголеми нивото на разбирање за начините на создавање на успешни кластери
- Да се мотивираат МСП од креативните индустрии да размислуваат за иницирање на заеднички активности
- Да се запознат потенцијалните членки на кластерот за креативни индустрии со потребните чекори за создавање на кластер
{gallery}novosti/2014.09.09:::0:0{/gallery}
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!