Одржана IX (Деветтта) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 01.02.2022 година, во општина Берово, ја одржа IX (Деветтта) Седница. На Деветтата Седница, од страна на Г-дин Столе Митров од ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци, им беа презентирани услугите кои ги нуди компанијата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација со беспилотни летала (дронови), со посебен акцент на заштита на населението од возрасни комарци и третирање на ларви како еден од предизвиците на Источниот плански регион. На Седницата Советот донесе:
  • Одлука за утврдување на Листа на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година,
  • Одлука за преотстапување на изграден објект „Реконструкција на градски парк – Кочани“,
  • Правилник за определување на траењето на годишниот и платениот одмор и случаите на користење на неплатено отсуство,
  • Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година, и
  • даде согласност за склучување на договор за отстапување на привремен агенциски работник за вршење на привремени работи / Известување за обезбедени финансиски средства.

Галерија

Потпишан Договор за реализација на проектот “Подобрување на состојбата со каналите за наводнување и одводнување и каскади на Зрновска река” во општина Зрновци

Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот “Подобрување на состојбата со каналите за наводнување и одводнување и каскади на Зрновска река”, кофинансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година и Општина Зрновци.

На 10 февруари 2023 година во општина Зрновци се потпиша Договорот за вршење на градежни работи за реализација на проектот со изведувачот Стоименов ДООЕЛ Кочани со вкупна вредност на договорот од 9.474.207,00 денари со вклучен ДДВ.

Со проектот се предвидува изградба на помошни канали за наводнување и каскади, и тоа:

  • Виничка вада во должина од 1450 метри;
  • Морошка вада во должина од 850 метри и
  • Изградба на три каскади на река Зрновка.

Проектот треба да се реализира најдоцна до 10.08.2023 година. 

Галерија

Потпишан Договор за Рехабилитација на пат во м.в. Долни Бавчи во општина Делчево

Центарот за развој на Источен плански регион и Сд Транс од с. Звегор – Делчево, на ден 10.01.2023 година, потпишаа Договор за „Рехабилитација на  пат во м.в. Долни Бавчи во општина Делчево со должина од 1000 метри и ширина од 4,5 метри, кој е дел од проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион”.

Со рехабилитацијата на овој земјоделски пат ќе им се овозможи на земјоделците полесен пристап до 500 ha обработлива површина. Инаку патот во м.в. Долни Бавчи го поврзува индустрискиот дел на градот со обработливите површини, истиот израснат со вегетација, подлогата е од земја и за време на врнежи станува непрооден. Со договорот е предвидено да се изврши негово чистење, проширување, и тампонирање.

Вредноста на Договорот изнесува 1.170.855,00 денари со вклучен ДДВ и истиот треба да биде реализиран до средината на месец Април 2023 година.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од „Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година“ . 

Галерија

Одржана Втора регионална форумска сесија

На 26 декември 2022 година (понеделник) се одржа втората регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни предлог проекти на Источниот плански регион, кои би биле аплицирани за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.

На втората регионална форумска сесија учесниците беа информирани за сработеното помеѓу двете сесии и беа презентирани следниве 5 (пет) предлог-концепти подготвени од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и ангажираниот надворешен експерт:

  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во ИПР;
  2. Регулација на дел од коритото на река Брегалница во општина Делчево;
  3. Заштита на животната средина преку изградба на фекална канализација во с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево II фаза;
  4. Подобрување на условите за развој на туризмот во ИПР и
  5. Збогатување на туристичката понуда во регионот.

Од страна на учесниците на форумот беа дадени препораки за подобрување на предлог-концептите и се изврши приоретизација на истите со бодирање од страна на сите 6 (шест) работни групи на форумот и конечното рангирање на предлог-концептите по приоритетност е следно:

  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во ИПР;
  2. Збогатување на туристичката понуда во регионот;
  3. Подобрување на условите за развој на туризмот во ИПР;
  4. Заштита на животната средина преку изградба на фекална канализација во с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево II фаза и
  5. Регулација на дел од коритото на река Брегалница во општина Делчево.

На втората регионална форумска сесија учество зедоа 50 учесници.

Одржана Втора регионална форумска сесија

На 26 декември 2022 година (понеделник) се одржа втората регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни предлог проекти на Источниот плански регион, кои би биле аплицирани за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година. На втората регионална форумска сесија учесниците беа информирани за сработеното помеѓу двете сесии и беа презентирани следниве 5 (пет) предлог-концепти подготвени од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и ангажираниот надворешен експерт:
  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во ИПР;
  2. Регулација на дел од коритото на река Брегалница во општина Делчево;
  3. Заштита на животната средина преку изградба на фекална канализација во с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево II фаза;
  4. Подобрување на условите за развој на туризмот во ИПР и
  5. Збогатување на туристичката понуда во регионот.
Од страна на учесниците на форумот беа дадени препораки за подобрување на предлог-концептите и се изврши приоретизација на истите со бодирање од страна на сите 6 (шест) работни групи на форумот и конечното рангирање на предлог-концептите по приоритетност е следно:
  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во ИПР;
  2. Збогатување на туристичката понуда во регионот;
  3. Подобрување на условите за развој на туризмот во ИПР;
  4. Заштита на животната средина преку изградба на фекална канализација во с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево II фаза и
  5. Регулација на дел од коритото на река Брегалница во општина Делчево.
На втората регионална форумска сесија учество зедоа 50 учесници.

Галерија

Одржана VIII (Осма) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 20.12.2022 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа VIII (Осмата) Седница. На Осмата Седница на членовите на Советот од страна на надворешениот експерт им беа презентирани концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог – листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година и Советот донесе Одлука со која ги прифати. Беа донесени и следниве:
  • Одлука за преотстапување на изграден објект „Изградба на фекална канализација во с.Лесново, општина Пробиштип (фекална канализација крак 1 и крак 2 и Пречистителна станица)“;
  • Одлука за преотстапување на изграден објект „Осветлување на дел од магистрален пат А3 кој поминува низ Македонска Каменица“;
  • Одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година;
  • Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година.
Беше дадена и согласност за склучување на Анекс на Договор за вработување на определено време / Известување за обезбедени финансиски средства. На седницата Советот го донесе Годишниот Акционен план за 2023 година за спроведување на спроведување на Програмата за развој на Источен плански регин 2021-2026.

Потпишан договорот за „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, општина Берово”

Денес се потпиша Договорот за „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, општина Берово”, финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и општина Берово, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”.

Источниот плански регион се грижи за најстарите жители преку проширување на постојните капацитети за нови 28 корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица.

Вкупната вредност на проектот е 21.947.268.00 денари, од кои 11.015.000,00 денари се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, 8.949.000,00 денари се средства без вклучен ДДВ обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и 1.983.268,00 денари е ко-финансирање на Општина Берово.

Крајниот рок за реализација на проектот е декември 2024 година. 

Галерија

Видливост на регионални проекти

На ден 17.11.2022 година во х.Изгрев се оддржа работилница/ обука за ефективно комуницирање и подигање на видливоста на регионалните проекти на која учество земаа претставници од општините, невладиниот и бизнис сектор. Целта на обуката беше да се подобрат вештините на лицата во однос на промоција и видливост на проектите кои ги реализираат – координираат проекти од регионален карактер.

Галерија

Одржана Прва регионална форумска сесија

На 11 ноември 2022 година (петок) се одржа првата регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни и комплементарни области за проекти кои би биле финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.

На првата регионална форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и како приоритетни области беа избрани:

  • Стратешка цел 3 – Одржливо управување со животна средина и природните ресурси и
  • Стратешка цел 5 – Зацврстување на Источниот плански регион како атрактивна туристичка дестинација.

На форумската сесија се дискутираа клучни регионални проблеми поврзани со избраните области и од страна на учесниците беа предложени приоритетни решенија.

На првата регионална форумска сесија учество зедоа 73 учесници.

Одржана Прва регионална форумска сесија

На 11 ноември 2022 година (петок) се одржа првата регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни и комплементарни области за проекти кои би биле финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година. На првата регионална форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и како приоритетни области беа избрани: Стратешка цел 3 – Одржливо управување со животна средина и природните ресурси и Стратешка цел 5 – Зацврстување на Источниот плански регион како атрактивна туристичка дестинација. На форумската сесија се дискутираа клучни регионални проблеми поврзани со избраните области и од страна на учесниците беа предложени приоритетни решенија. На првата регионална форумска сесија учество зедоа 73 учесници.

Галерија