Центарот за развој на Источен плански регион потпиша договор за поставување на Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во регионот, со што до крајот на Ноември месец 2020 ќе биде поставена по една станица во секоја општина во ИПР. Проектот е со вредност од 2.169.00,00 денари преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Потпишан Договорот за Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Црнодолски водопади – Општина Пехчево
На 04 јуни 2020 година (четврток) во општина Пехчево се потпиша Договорот за Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Црнодолски водопади – Општина Пехчево во рамки на проектот “Збогатување на туристичката понуда со партерно уредување на урбана опрема на Црнодолски водопади”, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион, фирмата Изведувач на градежните работи ДППГТУ КОП Инженерин ДООЕЛ Скопје и Општина Пехчево.
Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”
Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”, проектот е со вкупна вредност од 14.959.084,15 денари и се реализира со финансиски средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ко-финансирање од општина Карбинци и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен палнски регион, Штип.
Започнaа градежните работи на „ Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ “ во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“
Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за конзервација на црквата „Св. Власие“ на тврдината Исар во Штип во рамките на проектот: „Културен мост низ вековите“.
Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”
Започнaа градежните работи на „ Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ “ во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“
Источниот плански регион го задржа првото место за својата транспаретност
Источниот плански регион го задржа првото место за својата транспаретност
Како што објави USAID North Macedonia, Источниот плански регион го задржа првото место што го имаше и минатат година и остана лидер меѓу регионите според активната транспарентност со просечно исполнување на обврските од 68,3 %, што е дури и подобрување за 6,3 процентни поени за една година. Со значително подобрување на активната транспарентност две години по ред, Македонска Каменица изби на првото место во регионот, со високи 85,9% исполнетост на обврските од активната транспарентност.
Како се рангирани останатите општини од регионот дознајте на http://www.ccc.org.mk/images/stories/ia2020.pdf
Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип
Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип
На 12 јуни 2020 година, во просториите на општина Штип се потпиша Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Коле транс од Штип за изведба на работите за проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип.