Потпишан Договор – Пренамена и реконструкција на „Tурска бања“ во општина Виница

Центарот за развој на Источен плански регион на 9 Мај 2014 година (петок) потпиша Договор со ДПТГУ ДАМА – 2 Доо Виница за реконструкција и пренамена на постојниот објект “Турски бањи”, во значаен културен центар. Во сутеренот на објектот е предвидена галерија за организирање на изложби и  експонати од Виничко Кале, со уреди за видео надзор на археолошкиот локалитет Виничко Кале.

Continue reading

Деветта (IX) седница на Советот за развој на Источен плански регион

На  09 мај 2014година (петок) во општина  Македонска Каменица (Манастирски комплекс „Покров на Св. Богородица“ во месноста Еленец кај село Цера), со почеток во 13:00 часот, се одржа деветтата (IX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На седницата покрај градоначалниците од Источниот плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион, присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Г-дин Зоран Тасев, претставници од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија како реализатори на проектот Воспоставување на Географско информационен систем во опоштините од Источен регион, претставници од фирмата ФАРМАХЕМ Скопје како Национален координатор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија (течението на река Брегалница), претставници од проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница и претставниците од Македонско-Бугарската стопанска комора.

Continue reading

Втор состанок на заедничката работна група

На 23 април 2014 година, во Скопје, се одржа вторa средба на Заедничката работна група (ЗРГ) за подготовка на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020 година.

Главна тема на средбата беше презентација  на Стратегијата на Програмата и преглед и разгледување и одобрување на тематските  приоритети.

Continue reading

Претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“

На 10-ти и 11-ти април 2014 година во Скопје, Хотел Арка се одржа Дводневна работилница  за претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.

Оваа работилница е дел од Проектот
„Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK). Проектот се спроведува од Конзорциумот составен од ENVIROPLAN S.A. од Република Грција (лидер) и C&E Consulting und Engineering GmbH (партнер) – BT Engineering Ltd од Република Бугарија (партнер).

Continue reading

Средба помеѓу Светска банка, Делегација на ЕУ и Градоначалниците од ИПР

Состанокот се оддржа во општина Кочани на 09.04.2014 год. и беше организиран од страна на Светска банка и поддржан од Центарот за развој на Источен плански регион. Состанокот беше отворен од страна на Градоначалниот на општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски кој ја поздрави идеата за вклучување на крајните корисници (бенефициенти) во процесот и начинот на дистрибуција на предвидените средства.

Continue reading

Потпишан Договорот за изработка на проектна документација за Спортско рекреативен Центар “Брегалница”, Штип

Од 03.12.2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот

Грантова шема за поддршка на Источниот регион, проект финансиран од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Во рамките на овој систем на грантови ќе бидат  финансирани  два проекта и тоа:

Continue reading

Продолжува проектот ГИС

Во рамките на планираните активности кои се спроведуваат за имплементација на проектот за Воспоставување на регионално планирање и Географско информационен систем во општините од Источен плански регион на 26 и 27 март 2014 година во општина Чешиново – Облешево претставниците од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија  одржа работилница со стручните и одговорни лица од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот за продолжување на активностите предвидени со проектот.

Continue reading