Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

altНа 22.12.2009 година (вторник), во Салата на општина Македонска Каменица, се одржа Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион.

На седницата се дискутираше за фазата за реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за основање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад во Источниот плански регион. Се констатира дека нареден чекор од Акцискиот план е регистрацијата на МЈП ,,ДЕПОНИЈА ИСТОК”.

 

Continue reading

Одржано XVII (седумнаесеттото) Регионалното Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион

alt

 

XVII (седумнаесеттото) Регионалното Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион поддржано од GTZ RED  се одржа на 28.09.2009 година во Пехчево. На Собранието беа присутни 20 Градоначалници од двата региона, претставници од Министерството за локална самоуправа, вработените во Центрите во Источниот и Југоисточниот плански регион, претставници на GTZ RED. Гости на Собранието беа Градоначалниците на општините Брвеница, Теарце, Боговиње, Македонски Брод и Вевчани, од другите плански региони. 

Continue reading

Запознавање со состојбата со секторот отпад во Источниот плански регион

altНа 15. 09. 2009 година во малата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема Запознавање со состојбата со секторот отпад на регионот. На истата беа присутни Градоначалниците, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева, претставници од Советите на општините, јавните претпријатија и од секторите за животна средина од ЕЛС во рамки на Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и  Г-ѓа Елизабет Понцелет од ТЕАКС мисијата за управување со отпад, Г-ѓа Даринка Јантинска раководител на одделението за ИПА при МЖСПП.

Continue reading

Одржана петта редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altСоветот за развој на Источниот плански регион на 02.09.2009 година (среда) ја одржа својата 5 (петта) редовна седница во Делчево.
Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски Градоначалник на Општина Кочани. На Седницата присуствуваа сите градоначалници од Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион и консултантот на Центарот д-р Денис Жерновски.

 

Continue reading

Потпишани меморандуми за разбирање и соработка

 

altНа 24. 07. 2009 година Центарот за развој на Источен плански регион претставуван од Раководителот Драгица Здравева и Центарот за одржлив развој АЛКА претставуван од директорот Џипунов Жарко потпишаа Меморандум за соработка.
Заедничката соработка е во насока на градење на капацитетите за локално и регионално партнерство, мобилизација на потенцијалите и развивање одржливи стратегии за решавање на проблемите. Страните потписнички се согласни меѓусебно да соработуваат во процесот на имплементација на активностите за одржлив регионален развој кои се одвиваат на територијата на Источниот плански регион.

Continue reading

Работна посета на Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион на Р. Германија

 

altОд 21 до 27 јуни 2009 година, Градоначалниците од Источниот  и Југоисточниот плански регион остварија студиско патување во Република Германија во  регионот на Саксонија.
Со посета на Единици на Локална Самоуправа,  компании од бизнис секторот,  инститиуции на локално и регионално ниво, Градоначалниците имаа прилика да се запознаат со добри практики, кои би можеле да се имплементираат и во наши услови.

Continue reading

Четврта Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altНа 06.07.2009 година во мотел „Слив“-Виница, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа својата четврта Седница. 
Главна точка на дневен ред беше расправата по можни Предлог-проекти поднесени од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Единиците на Локална Самоуправа, со цел определување приоритети кои би биле предмет на понатамошна разработка и имплементација.

Continue reading

Нови можности и перспективи пред Центарот за развој на Источен плански регион

altНа ден 26.06.2009 година остварена е прва работна средба на Центарот за развој на Источниот плански регион со Бизнис Информациониот и Консултантски центар во Сандански Република Бугарија. На оваа средба меѓусебно се претставија двата центра, разговараа за досегашната работа и можностите за заедничка идна соработка.

Continue reading

Создавање на мрежи на партнерства и промоција на заеднички одржливи вредности

alt

Во текот на месец јуни 2009 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше својот проект „Создавање на мрежи на партнерства и промоција на заеднички одржливи вредности. Проектот се состоеше во посета на Единиците на Локална Самоуправа и работни средби со претставници од невладиниот сектор, јавниот и приватниот сектор.

Continue reading