Во перидот од 21 до 25 октомври, во градот Ерзурум, Турција, се одржа средба за евалуација на мрежата СЕЕНОРДА / SEENORDA, во рамките на програмата Млади во Акција. СЕЕНОРДА (south east European network of regional development agencies) е мрежа на агенции кои се занимаваат со регионален развој, а доаѓаат од регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа од следниве држави: Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска (во наредниот период се очекува приклучување на агенции од Србија, Романија, Молдавија и Грција).
Continue readingСправување со недостапност на широкопојасен интернет во руралните средини во Југоисточна Европа преку модел…
Промотивен ден на Источен плански регион
На 19.12.2012 година се одбележа Денот на градот „19 декември-Свети Никола“ , Патронот и воедно заштитник на градот Штип, како и „Промотивен ден на Источниот плански регион“.
Согласно програмата за одбележување, се започна со архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Никола“ по што следеше Литија на релација: Соборен храм „Свети Никола“-ул„Маршал Тито“ до градскиот плоштад.
Continue reading8-ми Ноември, Ден на општина Зрновци и промотивен ден на Источен плански регион
Свечено отварање на Археолошко туристичкиот павилјон Баргала
Покана за Промотивен ден на Источниот плански регион во Пехчево
Промотивен ден на регионот во Пехчево
Општина Пехчево во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, на 13.07.2012 година (петок) на празникот на Пехчево – Павловден, организира Промотивен ден на источниот плански регион во Пехчево со официјален почеток во 12: 00 часот.
Јавна расправа по Нацрт верзијата на Студија за развој на ски-центарот „Пониква“
Современи методи и техники за училишна инклузија на деца со посебни потреби
Втор координативен состанок во врска со проектот СИНЕТ
На 17-ти Јануари во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се одржа вториот координативен состанок во врска со проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“, кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион, како водечки партнер од Р. Македонија и општина Гоце Делчев, како партнерска институција од Р. Бугарија, а е дел од Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија, бр.2007CB16IPO007-2009-1. Проектот започна со имплементација од 20.05.2011 година. Истиот овозможува размена на искуства и комуникација помеѓу институциите од двете страни на границата и заедничко користење на расположливите капацитети за третман на децата со физички хендикеп. Веб порталот и Студијата, ќе ги анализираат и мапираат потенцијалите и можностите на институциите од различен карактер кои работат на рехабилитација на деца со пречки во физичкиот развој, ќе се создаде заеднички информативен систем.
Continue reading