Одржана финална конференција за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019
Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).