Студиско патување во Словенија-Унгарија-Хрватска од 15.11.2009 до 21.11.2009
Во рамките на серијата обуки за градење на капацитетите за регионален развој-регионален менаџмент на национално ниво, IV модул, направено е Студиско патување во Република Словенија, Унгарија и Република Хрватска.
Студиското патување се реализира во периодот од 15.11 до 21.11.2009 година во организација на GTZ RED програмата. На Студиското патување, Центарот за развој на Источен плански регион го претставуваше Раководителот Г-ѓа Драгица Здравева.