Работна посета на Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион на Р. Германија
Од 21 до 27 јуни 2009 година, Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион остварија студиско патување во Република Германија во регионот на Саксонија.
Со посета на Единици на Локална Самоуправа, компании од бизнис секторот, инститиуции на локално и регионално ниво, Градоначалниците имаа прилика да се запознаат со добри практики, кои би можеле да се имплементираат и во наши услови.