Потпишан Договорот за изградба на Мултимедијален центар во Штип
Во кабинетот на Градоначалникот на општина Штип прим. Мр. Илчо Захариев на 23 февруари 2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша договорот за градежни работи, односно изградба на Мултимедијален центар со градежната компанија Актива – Штип. Оваа активност е дел од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-CREATIVA“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија за периодот 2007-2013. Партнер во проектот е општина Гоце Делчев од Р.Бугарија. Вкупната вредност на проектот изнесува 484.302,14евра, од кои 186.761,00евра се средства со кои општина Штип учествува во кофинансирање на проектот, т.е изградбата на мултимедијалниот центар.