Skip to content

Tag: Источен плански регион

Промотивен ден на Источниот плански регион

alt19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.

Изложениот пишан промотивен материјал, археолошките антиквитети, традиционалната храна и пијалоци, традиционалните ракотворби како и производи од производните капацитети од регионот беа презентирани пред присутните на настанот.
Прочитајте повеќе

Запознавање со состојбата со секторот отпад во Источниот плански регион

altНа 15. 09. 2009 година во малата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема Запознавање со состојбата со секторот отпад на регионот. На истата беа присутни Градоначалниците, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева, претставници од Советите на општините, јавните претпријатија и од секторите за животна средина од ЕЛС во рамки на Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и  Г-ѓа Елизабет Понцелет од ТЕАКС мисијата за управување со отпад, Г-ѓа Даринка Јантинска раководител на одделението за ИПА при МЖСПП.

Прочитајте повеќе