Skip to content

Tag: источен

Нови можности и перспективи пред Центарот за развој на Источен плански регион

altНа ден 26.06.2009 година остварена е прва работна средба на Центарот за развој на Источниот плански регион со Бизнис Информациониот и Консултантски центар во Сандански Република Бугарија. На оваа средба меѓусебно се претставија двата центра, разговараа за досегашната работа и можностите за заедничка идна соработка.

Прочитајте повеќе

Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија


altНа 12 јуни 2009 година во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Конференција на тема: „Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија”,заеднички организирана од Германското друштво за техничка соработка – ГТЗ, Здружението на правници на Македонија и Регионалните центри за развој на Источниот, Југоисточниот и Полошкиот регион.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 жени од различни сектори со цел размена на искуства и презентација на успешни примери од процесот на правна и економска реформа, при што се нагласи потребата за зајакнување на улогата на жената во македонското општество.
Прочитајте повеќе

Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион и шеснаестото Регионално Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион

На 14. 05. 2009 во Хотел Сириус во Струмица се одржа Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Седницата започна со усвојување на Записникот од Конститутивната седница на Советот за развој на Источниот плански регион одржана на 10.05.2009 година во Штип и Записникот од XXIII (дваесет и третата) седница на Советот за развој на Источниот плански регион во стариот состав, одржана на 13.03.2009 година во Штип.

Прочитајте повеќе