Во Пехчево се одржа четвртото издание на „Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2014“
На 10 Јули 2014 година на летната сцена на градскиот плоштад во Пехчево, започна четвртото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2014. Програма на сцената на градскиот плоштад ја отворија мажоретките од Благоевград и Симитли Р.Бугарија, а со својата изведба ја развеселија публиката ансамблот Танец и КУД ,,Јане Сандански’’ од Пехчево, минатогодишниот победник на фестивалот во Пехчево Уска Кан и оркестарот од Сурдулица Р.Србија, како и настапот на фолк ѕвездите Анета и гр. Молика.