Одржана петта редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Советот за развој на Источниот плански регион на 02.09.2009 година (среда) ја одржа својата 5 (петта) редовна седница во Делчево.
Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски Градоначалник на Општина Кочани. На Седницата присуствуваа сите градоначалници од Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион и консултантот на Центарот д-р Денис Жерновски.