Tag: план
ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион организира
ЈАВНА РАСПРАВА
по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)