Mинистерката Елези, градоначалниците од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион и Центрите за развој, во посета на Австрија, Словенија и Хрватска
Македонската делегација од градоначалници и раководители на Центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од 05.09.2016 (понеделник) до 09.09.2016 (петок) престојуваaво посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и Хрватска.
Министерката за локална самоуправа Ширет Елези во рамките на посетата на Австрија, оствари средба со локалните власти на Грац и со претставници на регионот Штаерска.
Министерката Елези во тек на посетата оствари средба и со градоначалниците на Велика Полана, Кршко и Јастребарско.
Посетата е организирана од страна на Центарот за развој на Источниот и Југоисточен плански регион.