Skip to content

Tag: програма

Потпишан Договор за изградба на Регионалниот музеј на ретки минерали

На 11.09.2019 година во просториите на општина Пробиштип се потпиша Договорот помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Промонтинг ДООЕЛ Скопје за Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“ во Пробиштип. Проектот е дел од годишната листа на проекти за 2019 година од Програмата за развој ан Планските региони.

Прочитајте повеќе

Спроведување на Стратегиска оцена по Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година

Почитувани, Врз основа на член 65 (6) од Законот за животна средина (сл.весник на РМ бр.53/05,81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10 и 51/11) Центарот за развој на Источниот плански регион отпочна
Прочитајте повеќе

Одржана финална конференција за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019

Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).

Прочитајте повеќе

Втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)

На ден  02 и 03.10.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион одржа втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Ревизијата на програмата се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

Прочитајте повеќе

Одржани работилници за подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)

Со цел отпочнување на процесот за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019), Центарот за развој на Источен плански регион во координација со Министерство за локална самоуправа и ГИЗ РЕД програмата за регионален економски развој во РМ и Швајцарската агенција за развој и соработка, организираше работилници на ден 11 и 12.09.2014 година, во хотел Изгрев во Штип.

Ревизијата на програмата ќе се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

Прочитајте повеќе