Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион
На 20-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на тема: Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион.
Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија, спроведуван од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), се изработи Регионална Стратегија за Иновации за дефинирање на приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот.
Целта на регионалната стратегија за иновации е да се стимулираат иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионот, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП.