Воспоставено координативно тело за развој на туризмот во Источен плански регион
На 11 јули 2018 година во просториите на општина Штип се одржа иницијалниот состанок на координативното тело за развој на туризмот во Источен плански регион.
Потребата од формирање на вакво координативно тело произлезе од изработената Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со Акционен план 2015-2026 година, а формирањето е поддржано преку Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.