Skip to content

Tag: Рурален развој

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“

На 13 ноември 2019 година во просториите на Општина Карбинци се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје за реализација на проектот „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“.

Прочитајте повеќе

Одржан Семинар за рурален развој во комитетот на региони

Од 17-19 Септември 2014 година, во Комитетот на региони во Брисел, Белгија се одржа Семинар за рурален развој. Целта на семинарот беше да се претстави политиката и програмата на Европската унија за рурален развој за периодот 2014-2020 година пред претставниците од земјите од Западен Балкан и Турција.

Во земјите од регионот, руралните средини се соочуваат со бројни структурни и социо-економски проблеми, за кои решение може да се најде во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ и КАП. Преку оваа програма може да се ​​зголеми продуктивноста и можноста за вработување на луѓе во овие региони, а особено во руралните средини. Територијалниот пристап кон руралниот развој, меѓу другото, бара и зајакнување на капацитетите на регионалните и локалните власти кои играат важна улога во исполнувањето на условите за пристапување во ЕУ во областа на руралниот развој.

Прочитајте повеќе