Skip to content

Tag: Школа за иновации и претприемништво

Отворен повик за учество во ВТОРА ШКОЛА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

локација:    Кочани, хотел „Але-Дар“
датум:         30 март - 03 април, 2016

Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници - жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.

Прочитајте повеќе

Се оддржа првата Школа за иновации и претприемништво во источниот регион

Во насока на зајакнување на претприемничката мисла и претприемничките дела кај жителите на Источниот плански регион, особено кај младите лица, во периодот од 14 - 18 Март 2016 година во Делчево се оддржа првата од двете предвидени Школи за иновации и претприемништво.

Следејќи ја идеја и визијата да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од регионот да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и претприемачки способности, Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР во соработка со Gestalt Solutions Штип, обезбедија услови во кои преку предавања, симулации, реални примери, илустрации, практични вежби и обука, учесниците се запознаа со практичните аспекти на водењето бизнис, претприемништвото и иновациите.

Прочитајте повеќе