Подготовка на физибилити студии за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија
Унапредување на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија,
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ „Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија-GetReadyforSkiing.
Центарот за развој на Источен плански регион– Штип, З.Г. ”Каменица - САСА”, Македонска Каменица и општинскиот центар “Горѓи Тодоров-1885”од Белица, започнаа со спроведување на проектот “Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија”, со крајна цел поддршка и развој на скитуризмот во општинитеБелица, Бугарија и Македонска Каменица, Кочани и Крива Паланка, Македонија.