Отпочна изработката на Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)
На 10 јули 2014 година, во деловните простории на ФАРМАХЕМ во Скопје се одржа Прв Работен Состанок со експертскиот тим на друштвото ИДЕЈА О.К. Скопје за отпочнување со изработка на “Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)”.
Оваа Стратегија, е една од активностите што Центарот за развој на Источниот плански регион, како стратешки партнер и ФАРМАХЕМ од Скопје, како локален координатор ја спроведуваат преку проектот: “Програма за зачувување на природата во Македонија”, кој што се имплементира во Источниот плански регион (2013-2016), а е финансиран од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка –SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation).