Одржана работилница „Размена на искуства за номинација на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО“
Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој веќе 6-та година се спроведува во Источниот плански регион.
На 06 ноември 2018 година во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип се одржа работилница за размена на искуства за номинација на Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.