Kоординативна средба во врска со одобрениот Проект „Балканска велосипетска патека“
На 25.02.2011 година во Благоевград, Р. Бугарија се одржа првата координативна средба во врска со одобрениот Проект од страна на Европската Комисија „Балканска велосипетска патека“ во кој Центарот за развој на Источниот плански регион се јавува како партнер заедно со Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Целта на Проектот е да се дефинира велосипедската патека во рамките на „Патеката на железната завеса“, во пограничните региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево, продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово, потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоимениот граничен премин.