Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) е формиран согласно Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2008 година. Седиштето на Центарот е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, општина Штип.
Центарот за развој на Источен плански регион вклучува (покрива) 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип, се простира на територија од 3537км2 т.е. зафаќа 14% од територијата на Република Македонија и има 181.858 жители.
Центарот, е правен субјект кој учествува во планирањето на регионалниот развој, спроведување на планските документи за регионален развој и е задолжен за вршење на стручните и административно-техничките работи на Советот за развој на планскиот регион. Тој е посветен на јакнење на меѓуопштинската соработка и промоција на развојните можности на регионот, соработува со општините во регионот и им помага во обезбедување на стручна и техничка помош при подготовка на нивните Програми за развој, како и на Здруженија на граѓани при подготовка на проекти од областа на регионалниот развој. Неговата основна задача е јакнење на капацитетите на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.
Зачувувањето и развивањето на посебниот идентитет на планскиот регион, неговата афирмација и развој е визија и цел на Центарот за развој на Источниот плански регион.
Совет
Советот за развој на планскиот регион се формира за секој регион посебно.
Членови на Советот за развој на Источниот плански регион се Градоначалниците на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот.
Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 1 (една) година без право на повторен избор во тековниот мандат.
- Звонко Пекевски, Градоначалник на Општина Берово
- Миле Петков, Градоначалник на Општина Виница
- Горан Трајковски, Градоначалник на Општина Делчево
- Борчо Коцев, Градоначалник на Општина Зрновци
- Виктор Паунов, Градоначалник на Општина Карбинци
- Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани
- Димчо Атанасовски, Градоначалник на Општина Македонска Каменица
- Александар Китански, Градоначалник на Општина Пехчево
- Драган Анастасов, Градоначалник на Општина Пробиштип
- Далибор Ангелов, Градоначалник на Општина Чешиново-Облешево
- Иван Јорданов, Градоначалник на Општина Штип
Советот за развој на Источниот плански регион ги врши следните функции:
- ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
- донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
- донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за разој на планскиот регион;
- утврдува годишна листа на предлог-проекти за равој на планскиот регион;
- доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
- обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
- иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
- jа промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси;
- врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
- советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.
Одлука за организација: Преземи тука
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организација – 2021: преземи тука
Тим на Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)
Директор на Центарот за развој на Источен плански регион
Зујица Ангелова – CV
Тел.: +389 32 386 408
e-mail: zujica.angelova@eastregion.mk
- Го претставува, застапува и раководи со Центарот;
- Управува со имотот на Центарот;
- Воспоставува и одржува хоризонтална и вертикална комуникација;
- Ја координира, насочува и контролира работата на Центарот;
- Донесува Правилник за систематизација на работните места во Центарот;
- Одлучува за вработувањата, правата, должностите и одговорностите на вработените;
- Предлага на Советот за развој на Источниот плански регион: програми и планови, предлог проекти, извештаи и останати документи изготвени од страна на Центарот;
- Врши други работи утврдени со Закон.
Одделение за стратешко планирање и имплементација на проекти, поддршка на бизнис секторот и информатичко комуникациска технологија
Координатор за стратешко планирање и регионален развој
Александар Николов
Тел: + 389 32 386 409
e-mail: aleksandar.nikolov@eastregion.mk
Емил Василев
Тел: + 389 32 386 409
e-mail: emil.vasilev@eastregion.mk
Андреа Златковска
Тел: + 389 32 386 409
e-mail: ecotourism@eastregion.
- Учествува во изготвувањето и спроведување на Програмата за развој на планскиот регион и изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион;
- Подготвува, координира и реализира проекти за развој на планскиот регион финансирани од домашни извори и донатори, од фондовите и Програмите на ЕУ, други странски и меѓународни извори и донатори, меѓународна организација или меѓународна финансиска институција;
- Учествува во или раководи со проектни тимови;
- Работи на поттикнување на меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот регион;
- Врши промоција на развојните можности на планскиот регион;
- Формира база на податоци за сите аплицирани, одобрени и реализирани проекти;
- Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
- Обезбедува стручни услуги на здруженија и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој
Одделение за нормативно-правни работи, општи работи и управување со човечки ресурси
Координатор за нормативно-правни и општи работи и управување со човечки ресурси
Катерина Коцева
Тел: + 389 32 386 409
e-mail: katerina.koceva@eastregion.mk
- Учествува во подготовка Предлог – Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за развој на Источен плански регион, како и измените и дополнувањата;
- Подготвува предлози на правилници, одлуки, договори и други општи и поединечни акти од областа на работните односи и други акти во надлежност на Центарот;
- Учествува и помага во спроведување на постапка за вработување;
- Подготвува и обработува документација во врска со човечки ресурси;
- Помага во вршењето на стручните и организациони работи за потребите на Советот за развој на Источен плански регион и дава стручна помош во подготвувањето на актите од негова надлежност;
- Учествува во подготовка и организација на Седниците на Советот за развој на Источен плански регион
Регионален Бизнис Центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центар за развој на Источен плански регион
Координатор за одржив развој и поддршка на приватен сектор за кое работните задачи се определени или опишани во утврдените активности за Регионален Бизнис Центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центар за развој на Источен плански регион
Евица Николовски
Тел: + 389 32 386 409
e-mail: bc.ipr@eastregion.mk
- Поддршка и советодавни услуги на малите и средни претпријатија во Источен плански регион;
- Поддршка на претприемништвото на регионално ниво;
- Изработка на бизнис каталози;
- Спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор;
- Формира бази на податоци за мали и средни претпријатија;
- Реализира утврдени активности за Регионалниот Бизнис Центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот;
- Реализира активности за поттикнување на конкурентноста преку активна поддршка на приватниот сектор
Правилник за систематизација: Преземи тука
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација – 2021: Преземи тука