Skip to content

Promotional Press Conference of the project “Cultural bridge through the centuries”

DATE

January 21, 2020

Categories

,

На 17 јануари 2020 година се одржа промотивна прес конференција за проект „Културен мост низ вековите“.

Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Р.Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, како проектен партнер два.

На прес конференцијата присуствуваа Претседателот на Советот на Источен плански регион, воедно и градоначалник на општина Штип, г-н Благој Бочварски како и градоначалникот на општина Белица г-н Радослав Ревански. Поздравни обраќања имаа и раководителот на Центарот на развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, државниот секретар при Министерството за локална самоуправа, г-н Кирил Парталов, тим лидерот на проектот од страна на водечкиот партнер, г-ѓа Маја Падарева, како и од директорот на НУ Завод и музеј г-н Митко Штерјов.

Проектот е фокусиран на развој и охрабрување на прекуграничната соработка во областа на културниот туризам меѓу јавните институции и други засегнати страни во секторот за туризам и култура преку организации на вообичаени настани, пренесување на знаења и искуства. Во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ ќе се реализираат голем број на активности во прекуграничниот регион, како што се обуки за туристички водичи, различни работилници со теми поврзани со Управување со културното наследство, форуми за дискусии на слични теми како и градежни активности на црквата „Св.Власие“ во археолошкиот локалитет ИСАР во Штип, и на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица

Предвидените проектни активности треба да се реализираат во период од 24 месеци, односно заклучно со 03.09.2021 година.

Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра, од кои на располагање на Центарот за развој на Источен плански регион за реализирање на предвидените активности се околу 185 000 евра.

 

Галерија

Share:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy