Skip to content

International Symposium “Iron Curtain Trail”

DATE

June 2, 2010

Categories

,

„Патеката на Железната завеса" (Iron Curtain Trail – ICT) поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса – притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 ЕУ членки. Истата поврзува споменици, музеи и други градби кои сведочат за историјата на поделена Европа, како и за мирната револуција во Централна и Источна Европа. Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоиментиот граничен премин.

На 9 април 2010 година во Спомен Дом „АСНОМ“, општина Делчево беше одржан Mеѓународен Симпозиум „Патеката на Железната завеса” – Развивање на потенцијалите за алтернативен туризам во Македонија. Овој настан беше организиран од Центарот за развој на Источен плански регион и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Програмата на Германската техничка соработка за регионален економски развој (ГТЗ РЕД) и Германската амбасада во Македонија. На Симпозиумот присуствуваа 160 учесници, засегнати страни во главно претставници од министерства, општини, развојни организации, туристички асоцијации и агенции, новинари, претставници од велосипедски асоцијации и организации и т.н. Со цел промовирање на „Патеката на Железната завеса“ во Македонија, настанот продолжи следниот ден (10 април 2010 година) со промотивна велосипедска тура од Берово до Колешино.

Главен спикер на Симпозиумот беше Г-дин Михаел Крамер, Пратеник во Европскиот Парламент, Брисел и „татко“ на идејата за „Патеката на Железната завеса“. Високите претставници и фасилитатори од Македонија и странство, експерти за главните теми за дискусија го направија Симпозиумот динамичен форум за пренесување на стручност и компетентност, како и за размена на искуства. Секоја од сесиите беше интерактивна, со вклучен простор за прашања и коментари од учесниците.

Главни цели идентификувани на Симпозиумот:

  • Да ги собере сите засегнати страни на едно место кои работат на локално, регионално и национално ниво во пограничниот регион помеѓу Македонија и Бугарија по текот на ICT
  • Претставување на потенцијалите за алтернативен туризам во пограничниот регион Македонија – Бугарија
  • Отварање на дискусија за политиките за развој на туризмот и неговото влијание врз развојот на прекуграничните региони и севкупната регионална економија
  • Отварање на можности за активна имплементација на ICT во склоп на постоечките национални и локални политики и стратегии за туризам, како и иницирање на партнерства за имплементација на проекти за прекуграничен регионален развој
  • Регионите да изразат интерес за активно учество во развојот на ICT

Дискусијата на различни теми придонесе за подигнување на свеста и информирање на учесниците за принципите и практиките за развој на оддржлив туризам. Истовремено Симпозиумот придонесе и за подобро разбирање на улогата на велосипедскиот туризам за поттикнување на локалната економија и поддршката на локалните бизниси.

Следниве препораки и бенефиции се составен дел од настанот:

  • Патеката на Железната завеса“ во Македонија може да се прошири и менува со цел да се приспособи кон потребите на велосипедистите туристи. Приспособувањето треба да вклучува, меѓу другото и адекватна и соодветна инфраструктура, како велосипедски правци и патеки, продавници за изнајмување и поправки на велосипеди по должината на патеката, сместувачки капацитети, угостителски објекти и т.н.\
  • Да се подготви туристички пакет кој ке ги вклучи историските и културните аспекти на „Патеката на Железната завеса“ со цел нејзино понатамошно промовирање низ Македонија
  • Да се изработи мапа за делот од „Патеката на Железната завеса“ кој што минува низ Македонија
  • Проширувањето на „Патеката на Железната завеса“ отвара добра можност за аплицирање за финансирање на меѓународни проекти. Според објаснувањата на Г-дин Крамер, Европскиот парламент е подготвен да ко-финансира вакви проекти. Организациите и институциите од двете страни на границата се охрабруваат да развиваат заеднички проектни апликации за понатамошен развој на „Патеката на Железната завеса“
  • При понатамошните конструкции и реконструкции на локалните и регионалните патишта треба да се имаат во предвид и потребите на велосипедистите туристи
  • Локалните заедници да се поттикнат да ја вклучат „Патеката на Железната завеса“ во нивните промотивни активности со цел зголемување на нивните приходи преку велосипедскиот туризам
  • Локалните и регионалните организации да се поттикнат да ја користат подршката од Германската Техничка Соработка во понатамошното развивање на „Патеката на Железната завеса“ во Македонија

Share:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy