Skip to content

Иницијална работилница за воспоставување на Кластер за Креативна индустрија

DATE

September 9, 2014

Categories

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“, на 04.09.2014 година во хотел Изгрев во Штип, одржа воведна работилница за создавњае на кластер за креативни индустрии во Источниот плански регион. На работилницата присуствуваа 36 лица од различни организации и сектори од Источниот плански регион.

Креативната индустрија во Република Македонија воопшто не е застапена, така да Центарот за развој на Источен плански регион со воспоставувањето на Кластерот како една активност од овој проектот ги прави првите чекори во оваа област.

Што е КРЕАТИВНА ИНДУСТРИЈА?

Поимот креативни индустрии опфаќа широк дијапазон на активности кои ги вклучуваат културните индустрии и сите културни или уметнички, научни, технички, технолошки продукции базирани на знаења и вештини. Креативните индустрии се вид на дејност во која спаѓаат продукција и пазарна размена на идеи од областа на културата, уметноста, науката, техниката, технологијата, најчесто олицетворени во конкретни материјални производи, информации и услуги. Она што всушност го продаваат креативните индустрии е повеќе самата идеја, отколку формата преку која истата се пласира.

Кои се целите на работилницата:

  • Да се подигне свесноста за кластерите како инструмент за зголемување на конкурентноста на креативните индустрии и да се запознаат МСП со придобивките од кластерските иницијативи
  • Да се зголеми нивото на разбирање за начините на создавање на успешни кластери
  • Да се мотивираат МСП од креативните индустрии да размислуваат за иницирање на заеднички активности
  • Да се запознат потенцијалните членки на кластерот за креативни индустрии со потребните чекори за создавање на кластер

{gallery}novosti/2014.09.09:::0:0{/gallery}

{module [373]}{loadmodule related}

 

Share:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy