Проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“ со минимални интервенции и создавање на неколку тематски туристички пакети кои ќе бидат привлечни за секој посетител, има за цел да ја подобри моменталната ситуација во туризмот во прекуграничниот регион и да додаде дополнителна вредност. Создавањето на овие пакети ќе помогне да се надминат неразвиените туристички производи и да се создаде одржлива мрежа на институции и компании кои нудат услуги и понуди во туризмот. Понатаму, проектот ќе предложи адекватни инвестиции за подобрување на квалитетот, релевантноста на пазарот на трудот и инклузивноста на образованието и обуката, а оттука и решавање на јазот во приходите, релативно високиот ризик од сиромаштија, социјалната исклученост и нееднаквостите. Овој проект ќе имплементира неколку различни активности кои ќе ги решат овие идентификувани слабости и предизвици и ќе придонесе за намалување на нивното влијание, зајакнување на веќе воспоставените мрежи, додавање вредност на постоечките туристички понуди и заеднички развој на една целогодишна, прекугранична туристичка понуда која ќе биде пилотирана на крајот на проектот.
Во рамките на проектот, предвидени активности на Центар за развој на Источен плански регион:
A1.1 – Почетна прес конференција
А1.3 – Извиднички камп за млади
А1.4 – Прекугранична фам тура
А1.6 – Завршна прес конференција
А1.7 – Обука на туристички работници
А2.1 – Реконструкција на планинарски дом Црн Врв
А2.2 – Изградба на рекреативен комплекс околу езеро Градче
А3.1 – Подготовка на промотивно видео
А3.2 – Маркирање и дигитализација на еко туристички патеки
А3.3 – Подготовка на дигитална self-guided тура
А3.4 – Изработка на визуелизација на Источен плански регион
Вкупниот буџет на проектот е 64.824.444,00 денари, од кои за Центарот за развој на Источен плански регион се наменети 18.525.178,00 денари.
Документација:
