Skip to content

ДАТУМ

септември 2, 2009

Категории

Одржана петта редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altСоветот за развој на Источниот плански регион на 02.09.2009 година (среда) ја одржа својата 5 (петта) редовна седница во Делчево.
Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски Градоначалник на Општина Кочани. На Седницата присуствуваа сите градоначалници од Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион и консултантот на Центарот д-р Денис Жерновски.

 

Покрај редовните активности, значајна точка на дневен ред на Советот беше Утврдување на приоритетни регионални проекти. Со овие проекти Центарот за развој на Источниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за финансирање од средствата определени со Програмата за атрактивни плански региони и Програмата за рамномерен регионален развој за 2009 година.

Како друга значајна точка на Седницата беше расправата по изготвените проектни задачи кои произлегуваат од приоритетни области од Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2013 година и Акциониот план за реализација на програмата за 2009 година. Истите од страна на Советот беа отценети како квалитетни и на доста високо ниво при што се донесе одлука Центарот за развој на Источниот плански регион да отпочне активност за нивна реализација.

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy