Советот за развој на Источен плански регион на ден 07.02.2014 година (петок) во општина Пробиштип ја одржа својата Седма (VII) Седница. Позначајни точки на дневниот ред беа:
- Донесување на Годишен Акционен план за 2014 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2014;
- Усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2014 за 2013 година;
- Расправа во врска со Барање од општина Свети Николе за вклучување во Проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во ИПР;
- Информација во врска со состанокот одржан во ЗЕЛС на тема „Седум години неуспешна реализација на регионални депонии во Република Македонија“
- Информација за Проект ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″.
{module [373]}{loadmodule related}
No comment yet, add your voice below!