Skip to content
Покана

ДАТУМ

ноември 23, 2026

Категории

Покана за учество на Втора регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источен плански регион со Акциски план 2024-2031 година

Центарот за развој на Источен плански регион Ве поканува да земете учество на Втората регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион со Акциски план 2027-2031 година, што ќе се одржи на 27 ноември 2026 година (петок) со почеток во 10:30 часот во Хотел „Изгрев” во Штип.

Целта на Втората регионална работилница ќе биде да се презентира нацрт-визијата за регионот за 2031 година согласно работата на учесниците на Првата работилница, ќе се работи на дефинирање на приоритетите и мерките по стратешки цели и ќе се започне со изработка на акцискиот план за спроведување на Програмата преку идентификување на регионалните приоритети.

На работилницата се предвидува учество на претставници на општините во состав на Источниот плански регион, претставници на јавни институции, невладин, приватен сектор и останати заинтересирани страни.

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Ве замолуваме Вашето присуство да го пријавите најдоцна до 26 ноември 2026 година (четврток) до 12:00 часот на е-маил: ecotourism@eastregion.mk.

Ве очекуваме заеднички да придонесеме во развојот на регионот!.

 

Преземи документ: Агенда Втора регионална работилница.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram