ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Објавена тендерска постапка за проект „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“

27.11.2026

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

за

„ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“

 

Референтен број: 03/07/988
Краен рок за доставување на понуди: 16.12.2026 година, до 15:00 часот

Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија ги поканува заинтересираните субјекти да достават свои понуди по пошта на адресата ул. „Кичевска“ бр. 1, 1060 Скопје, на начин утврден во тендерската документација, најдоцна до 16.12.2026 година, до 15:00 часот.

Понудите се адресираат до Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија, со назнака „За јавен повик (Реф. бр. 03/07/988)“. Финансиската понуда се изразува во денари (МКД), без ДДВ.

Тендерската документација, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација, е достапна на следниов линк.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во писмена форма, на е-адресата [email protected], најдоцна до 10.12.2026 година.

Програмската активност „ Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036) “ се реализира во рамки на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија, проект поддржан од Владата на Швајцарија. Проектот го спроведува конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation и во соработка со Македонското еколошко друштво како подизведувач.

Преземи документација:
Тендерско досие – ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)

Сподели ја објавата