Skip to content

ДАТУМ

ноември 11, 2026

Категории

Започна процесот на Регионални консултации во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион Ве поканува да земете учество на Првата форумска сесија  која ќе се одржи на 17.11.2026 година (вторник) со почеток од 10:30 во Хотел „ИЗГРЕВ“, во Штип со следната агенда.

На првата форумска сесија ќе се дискутира за приоритетни регионални проблеми во рамки на стратешките области од Програмата за развој на Источен плански регион, кои го засегаат регионот и од кои очекуваме да произлезат проектни концепти за идни регионални предлог-проекти.

Вашето присуство и активно учество е од особено значење и ќе даде придонес во успешна реализација на регионалниот форумски процес и подобрување на квалитетот на живот во регионот.

Задолжителна е претходна пријава на присуство, најдоцна до 13 ноември 2026 година (петок), на е-маил: zujica.angelova@eastregion.mk.

Процесот за спроведување на  Регионални консултации – Форуми во Источен плански регион е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Ве очекуваме заеднички да придонесеме во развојот на регионот!

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram