Советот за развој на Источен плански регион на ден 25.02.2016година (четврток) во општина Карбинци, ја одржа својата (XXII) Дваесет и втора Седница. На седницата позначајни точки по кои се расправаше беа:
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2015 година;
- Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршните сметки на Центарот за развој на Источен плански регион за 2015 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 за 2015 година;
- Примопредавање на техничка документација за Пристапност до туристички, историски и археолошки локалитети и знаменитости во ИПР со цел создавање на интегрирана туристичка понуда;
- Информација од ЦРИПР застатусот на проекти за штети од поплави,
- Информација од ЦРИПР статусот на проекти финансирани од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
- Информација од ЦРИПР статусот на проекти од II-от повик од МЛС-БРР,
- Информација од ЦРИПР финансирање на проекти од областа на туризмот преку Програма за зачувување на природата во Македонија,
- Информација од ЦРИПР финансирање на проектна документација (Елаборати) за прогласување на природни реткости;
- Информација во врска со одржување на работилници за вработени во општините и поднесување на предлог – проект финансиран од Програма за зачувување на природата во Македонија,
- Информација во врска со Водичот низ регионите и манастирите во РМ.
No comment yet, add your voice below!