На 18 декември 2024 година во Хотел Оаза во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион беше домаќин на промотивниот настан „Ден на Источен плански регион“.
Фокусот на промотивниот настан беа политиките за рамномерен регионален развој и работата и улогата на Центарот за развој на Источен плански регион во намалувањето на диспаритетите во регионот. На настанот присуствуваат градоначалниците на општините во состав на Источниот плански регион, вработени во општинските администрации, претставници на проектната канцеларија, претставници на невладините организации, претставници на бизнис секторот, претставници на академската заедница, новинари и останати долгогодишни соработници.
На настанот беа промовирани реализираните проекти во последните неколку години претставени во интерактивна, дигитална брошура и промотивно видео, како и беа организирани две панел дискусии за важноста на регионалната политика за економскиот раст на регионот и за начините на постигнување на одржлив и рамномерен регионален развој.
Настанот се одржа како дел од активностите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза II“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
No comment yet, add your voice below!